Како да се подготвите за лабораториски анализи

Правилната подготовка за лабораториските анализи е клучна за добивање на точни и релевантни резултати. Во зависност од видот на испитувањата или примерокот кој се собира, постојат различни препораки за подготовка на различни видови тестови, било да се работи за крвни тестови, урина или генетски тестови.

Подготовка за крвни тестови

  • Гладување: За одредени крвни тестови, како што е липидниот статус, гликемијата, потребно е да гадувате 8-12 часа пред тестот. Пиењето вода е дозволено и препорачливо за да се избегне дехидратација, што може вештачки да ја подигне вредноста на некои параметри.
  • Лекови: Некои лекови можат да интерактираат со крвните тестови и треба да се прекинат пред тестирањето, се препорачува терапијата да се земе по земањето на крв или предземањето по препорака на лекар.
  • Физичка активност: Избегнувајте интензивна физичка активност 24 часа пред тестотирањето, бидејќи може да влијае на резултатите менувајќи го нивото на креатинин, црно дробните ензими, мускулни ензими и некои хормони.
  • Алкохол: Не консумирајте алкохол најмалку 24 часа пред тестирањето, бидејќи може да ја промени вредноста на црно дробните ензими, шеќерот во крвта и липидниот статус.

На денот на тестот

  • Хидратација: Пијте вода пред доаѓањето во лабораторијата за да го олесните земањето на крвта.
  • Избегнување на стрес: Обидете се да се опуштите, бидејќи стресот може да влијае на некои вредности од Вашите анализи.
нагоре

Подготовка за тестови на урина (уриноанализа + уринарен седимент)

  • Хигиена: Измијте ја гениталната област со сапун и вода пред собирањето на примерокот за да се намали контаминацијата.
  • Прва утринска урина: За многу тестови на урина, вклучувајќи ја и генералната уринализа, се препорачува да се користи првата утринска урина, бидејќи е по-концентрирана.
  • Собирање на примерокот: Користете стерилен сад обезбеден од лабораторијата или купен од аптека. При собирање на урина првиот млаз се испушта па потоа се врши собирање во стерилниот сад.
  • Навремено испорака Донесете го примерокот на урина во лабораторијата во рок од два часа по собирањето за да се спречи деградација на супстанци како уреа и промена на составот на урината. Ако е можно, чувајте го примерокот во фрижидер до испораката.
нагоре

Подготовка за генетски тестови

  • Собирање на примерок: Во зависност од тестот, примерокот може да биде крв, плунка или друг вид ткиво. Следете ги специфичните инструкции обезбедени од лабораторијата.
  • Медицинска историја: Обезбедете ја вашата целосна семејна медицинска историја на вашиот лекар.
  • Консултација: Разговарајте со генетски советник за сите прашања или загрижености пред тестот.
нагоре

Посебни тестови и како да се подготвите за нив

  • Липиден статус: Гладување 8-12 часа пред тестот. Пиењето вода е дозволено. Избегнувајте алкохол 24 часа претходно.
  • Шеќер во крвта: Гладување 8-10 часа пред утринскиот тест за шеќер во крвта. Избегнувајте храна со високо ниво на шеќер денот пред тестирањето.
  • Кортизол од плунка: Собирајте го примерокот околу 11:00 часот навечер, бидејќи нивото на кортизол варира во текот на денот, достигнувајќи врв во утринските часови. Избегнувајте стрес и интензивна физичка активност пред собирањето.
  • Коагулациско време: Избегнувајте да земате аспирин 3-5 дена пред тестот, освен ако не е пропишан како инхибитор на агрегацијата на тромбоцитите.
  • Калцитонин и Ц-реактивен протеин: Препорачливо е 12-часовно гладување.
  • Катехоламини во плазма: Препорачливо е 12-часовно гладување и избегнување на интензивни физички активности и одредена храна (банани, кафе, чоколадо) 3 дена пред тестот.
  • Инсулин: Препорачливо е 10-12 часовно гладување.
  • C-пептид: Препорачливо е 2-3 часовно гладување.
  • Тест за толеранција на глукоза: Избегнувајте многу масна храна, алкохол и одредени лекови 3 дена пред тестот. Обавезно гладување 8-10 часа. Тестот се изведува со три боцкања и оптеретување со гликоза.
  • Хром во урина: Избегнувајте минерални додатоци најмалку една недела пред тестот.
  • Тешки метали (олово): Избегнувајте морска храна и минерални додатоци 3 дена пред тестот.
  • Простатен Специфичен Антиген (PSA): Сексуална апстиненција е потребна 48 часа пред тестот. Ректални прегледи, колоноскопии и биопсии не треба да се изведуваат пред одредување на PSA и слободен PSA ниво.
нагоре

Дополнителни препораки за подготовка за тестови

  1. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар за специфични инструкции пред било кој тест.
  2. Јадете балансирани оброци и избегнувајте масна или многу слатка храна пред тестовите кога гладувањето не е потребно.
  3.  Бидете доволно одморени пред било кое собирање на примерок. Избегнувајте сончева изложеност, физичка активност и стрес, и опуштете се 10-15 минути пред собирањето ако е можно.
  4. Нивото на ензими и хормони варира во текот на денот, така што примероците за овие типови тестови треба да се собираат пред 10 часот наутро.
  5. Ако треба да земате лекови, е препорачливо тестовите да се направат или пред започнување на лекувањето или 10-14 дена по започнувањето. Информирајте го лекарот или лабораторискиот техничар за лековите кои ги земате.
  6. Некои лекови (глукокортикоиди, естрогени) како и температура и продолжен одмор во кревет можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта. Тестот за толеранција на глукоза се препорачува да се прави во отсуство на овие фактори.
  7. Крвните тестови не се препорачуваат по рендгенски снимања, ултразвуци, масажи, рефлексологија или физиотерапевтски процедури.
  8. Крвните тестови не се препорачуваат за жени за време на менструацијата. Физиолошките фактори поврзани со менструалниот циклус влијаат на резултатите од хормонските тестови. Следете ги препораките на лекарот за денот од циклусот кога треба да се изведе тестот.
  9. Пред одредување на хормони на стрес (ACTH, кортизол, пролактин), е важно да бидете мирни и опуштени бидејќи стресот ги зголемува овие хормони во крвта. Одморете 10-15 минути пред земањето на примерокот.
нагоре

Заклучок

Адекватната подготовка за медицински тестови може значително да влијае на точноста на резултатите. Следејќи ги овие препораки и консултирајќи се со вашиот лекар, ќе осигурате ефективно и точно собирање на примероците. Бидете информирани и подготвени за да постигнете најдобри можни резултати на вашите следни медицински тестови. Закажете ги вашите тестови во Санте лабораторијата и бидете добро информирани за вашето здравствено состојба!

нагоре

ЛУ-1

950.00  ден 230.00  ден

Биохемиски стартен пакет

1610.00  ден 500.00  ден

Хемиски преглед на урина со седимент

100.00  ден 85.00  ден

Уринокултура (NUM+ID+AB)

410.00  ден 349.00  ден

HOMA индекс (инсулинска резистенција-глукоза/инсулин индекс)

900.00  ден 765.00  ден

Инсулин/OGTT (три мерења на инсулин/гликемија)

2000.00  ден 1700.00  ден

Калцитонин

800.00  ден 680.00  ден

CRP (С-реактивен протеин квантитативно)

250.00  ден 200.00  ден

Инсулин

700.00  ден 595.00  ден

Гликемија

80.00  ден 68.00  ден

PT-протромбинско време , INR

400.00  ден 340.00  ден

Д – димер

700.00  ден 595.00  ден
To top