ЗА НАС

Нашата приказна

Clinica Sante е приватна медицинска лабораторија основана во 1995 година ,со цел да обезбеди достапни и високо квалитетни медицински услуги, фокусирајќи се на интеракцијата помеѓу тимот на Clinica Sante и пациентите. Нашите клучни вредности вклучуваат емпатија, почит, стекнување на доверба, на секој пациент и постигнување на највисоко ниво на професионализам и извонредност во областа. Ние сме посветени на нашите пациенти, и интеракцијата со секој од нив секогаш треба да биде поврзана со идејата за извонредност. Удобноста и задоволството на пациентот се од голема важност за нас.

На патот кон идеалните односи со пациентите, Clinica Sante ја разгледа проценката на најдобрите здравствени системи во Западна Европа и САД. Затоа, нашите принципи сега се тесно поврзани со аспирацијата да им понудиме најдобри услуги на сите пациенти.

Повеќе од 29 години, сите наши напори ги насочивме кон постигнување на оваа цел.

Без разлика дали зборуваме за обезбедување на најдобри медицински услуги или развивање на целокупната и ефективна комуникација насочена кон разбирање, интуиција и задоволување на потребите на пациентите, Clinica Sante работи за секој пациент, користејќи ги сите расположливи средства: внимателно одбран персонал со професионално искуство во здравството и најнапредни технологии.

Во врска со проширувањето на Clinica Sante, присутни сме со лаборатории и филијали во Украина, Романија, Република Молдавија, Србија, Република Северна Македонија, и нашиот пат на развој продолжува.

Во Северна Македонија доаѓаме со речиси 30 годишно искуство во медицинските услуги и најсовремена технологии, со внимателно избран персонал за да можете да ги искористите најдобрите лабораториски медицински услуги. Постојано се равиваме бидејќи сакаме да бидеме секогаш блиску со луѓето, и доверливи партнери во следењето на здравството. Доверлив медицински услуги по фер цени ! Clinica Sante– специјалисти за медицински анализи од 1995 година.

To top