Влез
Регистрирај се
Информации за пациентот
Cодржина
Примероци од крв – се препорачува примероците од крв да се земат наутро 7:30- 10:30 часот ,по претходно 12 часовно не конзумирање на храна,без физички напор.Се отстапува од ова правило,во случај на итни состојби (анализите крвна слика ,PCR или во случај на одредени хормони кои се прават во одредено време посочено од лекарот-кортизол,прогестерон…).Информирајте се со лекарот во врска со терапијата што ја примате секојдневно,дали да се прекине (во колкав интервал) или не пред земање на примерокот.
Примероци од урина -потребна е тоалета на надворешни генитални органи со млака вода.Примероци од урина да не се собираат за време на менструален циклус.Во стерилниот сад се зема средниот млаз (околу 20 мл урина) во посебни садови за урина кои се купуваат во аптека или се земаат од нашата лабораторија.
Урина 24часа – соберете ја урината во тек на 24 часа (на пример од 6 ч наутро до истото време наредниот ден) во чист сад со соодветен волумен.Првата урина се фрла,а останатите се собираат во садот до последната урина во исто време следното утро.Садот се чува на ладно во текот на 24 часа.Измерете ја целата количина на урина,хомогенизирајте ја и земете приближно 20 мл.во соодветен сад и донесете ја во лабораторијата.Волуменот на урина собрана во 24 часа да се забележи на садот(диуреза).
Уринокултура -првата утринска урина или најмалку 3-4 часа од последното уринирање во стерилен сад со капак.Најпрвин се прави тоалета на надворешните генитални органи со млака вода.Во стерилниот сад се зема од средниот млаз (околу 20 мл урина).За доенчиња и мали деца кои немаат контрола на мокрењето,како и на останатите пациенти кои имаат тешкотии,се користат стерилни самолепливи пластични кеси(достапни во аптеките).Донесете го садот со урина во лабораторијата во рок од најмногу 2 часа,ако тоа не е можно се чува во фрижидер.Означете го името ,датумот и времето на собирање на примерокот и транспортирајте најбрзо што можете.Анализата се врши пред земање на антибиотска терапија или по прекин на терапијата од 5-7 дена.
Брис од грло,јазик и спутум– се зема наутро,имајќи ги во предвид следниве правила:
-не јади
-не пуши
-не пиј,со исклучок,може да се земе примерок 3-4 часа по тоалета на усната шуплина со вода.
Спутумот е најдобро да се земе наутро кога искашлувањето е најпродуктивно.Најпрвин се плакне устата со вода,по длабоко кашлање се исплукува искашлокот во стерилен сад,со што помалку плунка. Анализата се врши пред земање на антибиотска терапија или по прекин на терапијата од 5-7 дена.
Брис од нос-пред земање на брисот да не се користат назални деконгестиви (капки) и да не се прави локална тоалета.Анализата се врши пред земање на антибиотска терапија или по прекин на терапијата од 5-7 дена.
Фецес (копрокултира,фецес за паразити,окултни крварења)-примерокот се зема со помош на лажичето кое се наоѓа во капачето на садот за фецес од повеќе места особено делови кои содржат паразитски елементи,гној,крв ,слуз,околу 1 -5 грама.Внимателно!Садот не се полни целосно.Примероците собрани во садот да се донесот во рок од 2-4 часа во нашата лабораторија.Анализата се врши пред земање на терапија.
Целофански брис(перианален отисок)-се зема за докажување на Enterobius vermicularis.Примерокот се зема наутро,без правење на тоалета,првин се шират глутеусите на пациентот,парче селотејп долго околу 3 см. се прилепува на аналните набори,потоа селотејпот се лепи на предметно стакленце внимавајќи да не останат меурчиња воздух.Стакленцето треба да се донесе во нашата лабораторија во најбрз временски периот.
Вагинален/цервикален брис – се зема на гинеколошки стол под спекулум,обучено лице ( гинеколог).
Спермокултура– се зема по тоалета на надворешни генитали во стерилен сад,првин уринира,а потоа се собира сперма.Примерокот треба да се обработи најмногу во рок од 2 часа.Препорачливо е заедно со спермокултура да се испита и уринокултура, заради споредба на изолираните видови бактерии и бројот на CFU/mL во двата примероци и исклучување на уринарна инфекција или асимптоматска бактериурија и контаминација на спермата.Анализата се врши пред земање на антибиотска терапија или по прекин на терапијата од 5-7 дена.
Уретрален брис – се зема ако не сте мокреле најмалку 3 часа.Специјален тенок брис се вовлекува во уретра и се ротира.Најдобро е брисот да го земе обучено лице(уролог).
Брис од рана -Пред земање ваков примерок раната треба да се исчисти со стерилен физиолошки раствор. Брис се зема од подлабоките делови на раната кои се добро прокрвени. Најидеален примерок е киретажен материјал од раната. Се препорачува земање брис со медиум заради поголема веројатност на изолирање на евентуално присутните анаеробни бактерии. Ако постои секрет, ексудат или гној, пожелно е испраќање на истиот со асприрање со шприц и стерилна игла и префрлање на содржината во стерилна чашка, која треба да е добро затворена и читливо и прецизно означена . Анализата се врши пред земање на антибиотска терапија или по прекин на терапијата од 5-7 дена.
Брис од око (коњуктива) – најидеално е земањето на брисот да е на немиени очи, но ако не е можно процедурата секако треба да се изведе. Анализата се врши пред земање на антибиотска терапија или по прекин на терапијата од 5-7 дена.
Брис од уво (надворешен ушен канал) -Нежно внесете го брисот во отворот на надворешниот ушен канал (од кој треба да се земе брис) благо завртете го по ѕидовите на каналот (отприлика до 1/2 од каналот). Анализата се врши пред земање на антибиотска терапија или по прекин на терапијата од 5-7 дена.