ВИТАМИН Б12

ВИТАМИН Б12  е еден од витамините на В комплексот,кој има клучна  улога во  функционирањето  на нервниот систем  и одржувањето на ДНК.

Витамин Б12 – зошто е важен и значаен?

Витаминот Б12, познат и како кобаламин, е од суштинско значење за одржување на здравјето. Потребен е за создавање на ДНК, црвени крвни зрнца, развој и функција на нервниот систем. Спаѓа во групата на витамини растворливи во вода, така што можеме да го внесуваме во големи количини преку храна и суплементи, бидејќи вишокот ќе се отстрани од телото преку бубрезите. Нашето тело не може да го создаде и се внесува исклучиво преку храна од животинско потекло или храна…(подетално)

Нашиот организам не може да го создаде и се внесува исклучиво преку храна од животинско потекло или храна збогатена со витамин Б12, што значи дека луѓето кои избрале вегетаријанска исхрана мора посебно да се грижат за овој витамин и да го внесуваат преку суплементи. Со оглед на тоа дека процесот на апсорпција на витаминот Б12 од храната е многу сложен и бара здрав гастроинтестинален тракт, луѓето кои страдаат од болести на дигестивниот тракт или имале одредени хируршки интервенции на него, исто така се изложени на ризик да развијат недостаток на витамин Б12.

нагоре

Витаминот Б12 има значително влијание врз:

здравје на нервниот систем – неопходен е за создавање на миелин, нервната обвивка;

енергија и виталност – недостатокот на витамин Б12 доведува до анемија, што прави да слабееме и да се чувствуваме безволни;

формирање на црвени крвни зрнца – витаминот Б12 е неопходен за формирање и развој на црвени крвни зрнца, во случај на негов недостаток се јавува мегалобластна анемија;

нагоре

Кога да го проверите нивото на витамин Б12

Важно е да се препознаат симптомите кои укажуваат на недостаток на витамин Б12. Тие може да вклучуваат замор, мускулна слабост, вртоглавица, тешкотии со концентрирање, нарушување на спиењето, вкочанетост или пецкање во екстремитетите. Ако ги искусите овие симптоми или сте во ризична група како што се вегетаријанци или вегани, или имате одредени медицински состојби поврзани со развој на недостаток на витамин Б12, вашиот лекар може да предложи да го проверите нивото на витамин Б12 во крвта.

нагоре

Патот до здравјето

Здравјето е скапоцен подарок, а витаминот Б12 игра клучна улога во неговото одржување. Со вклучување на здрави извори на витамин Б12 во вашата исхрана, како што се посно месо, риба, јајца или млечни производи, можете да го одржите вашето здравје. Ако сте загрижени за вашето ниво на витамин Б12, консултирајте се со вашиот лекар за да ги процени вашите потреби и заедно да одлучите што е најдобро за вас.

Витамин B12

850.00  ден 723.00  ден
нагоре
To top