Вирусот Epstein-Barr( ЕБВ), познат и како хуман херпесвирус 4, е предизвикувач на инфективна мононуклеоза, честа вирусна инфекција која зафаќа значителен дел од популацијата. Оваа статија има за цел да обезбеди информации за вирусот , како се пренесува, кои се симптомите на инфекцијата и како да ја дијагностицираме.
Како се пренесува
ЕБВ најчесто се пренесува преку плунката, поради што инфективната мононуклеоза се нарекува и „болест на бакнувањето“. Може да се пренесе преку близок личен контакт, како што е бакнување на заразено лице или споделување прибор за јадење, чаши,играчки или четки за заби. Може да се пренесе и преку трансфузија на крв или трансплантација на органи, но овие начини на пренос се поретки.
Симптоми на инфекција со вирусот :
замор или недостаток на енергија
воспалено грло – често се јавува тешко воспаление на грлото и отечени крајници, што наликува на симптоми на стрептококна инфекција на грлото
треска – од малку покачена до висока температура, често придружена со треперење
течени лимфни јазли, особено оние во вратот и пазувите
болки во мускулите и зглобовите, слични на симптомите на грип
осип – некои пациенти може да доживеат осип во форма на мали црвени точки
зголемена слезина што доведува до непријатност или болка во горниот лев дел на абдоменот