Панел за полови хормони и AMH тест: клучни анализи во тестирањето на репродуктивното здравје на жените

На репродуктивното здравје на жените влијаат различни фактори, а најзначајно е влијанието на половите хормони. Тие го регулираат менструалниот циклус, плодноста и општото здравје на жената. Секоја нерамнотежа во производството на полови хормони може да доведе до бројни здравствени проблеми. Со цел навреме да ја откријат причината за здравствените проблеми, лекарите се потпираат на одредување на нивото на половите хормони во крвта, како и на тестот за анти-мулеријански хормон (AMH).

Што е панелот за полови хормони?

Панелот за полови хормони вклучува тестови кои го мерат нивото на полови хормони во крвта. Овие хормони вклучуваат естрадиол, прогестерон, тестостерон, LH и FSH. Секој од нив има специфична улога во менструалниот циклус и репродуктивното здравје на жената. Панелот за полови хормони овозможува идентификација на хормонална нерамнотежа што може да доведе до неправилни менструални циклуси, синдром на полицистични јајници (PCOS) и неплодност.

  1. Естрадиол – е одговорен за созревањето и ослободувањето на јајце клетката, како и за растот и обновувањето на слузницата на матката (ендометриумот).
  2. Прогестерон – по овулацијата, за која се одговорни естрадиолот и LH, јајниците ослободуваат прогестерон, кој заедно со естрадиолот помага да се подготви слузницата на матката за потенцијална имплантација на оплодената јајце клетка. Ако оплодувањето не се случило, нивото на прогестерон се намалува и доаѓа до менструација.
  3. Лутеинизирачки хормон (LH) – предизвикува ослободување на зрело јајце од јајниците за време на овулацијата. Следењето на нивоата на LH може да помогне да се предвиди кога сте плодни.
  4. Фоликуло-стимулирачки хормон (FSH) – го стимулира растот на фоликулите во јајниците, од кои секоја содржи по една јајце клетка.
  5. Тестостерон – иако тестостеронот се смета за машки полов хормон, тој исто така се произведува во мали количини во јајниците. Неговите зголемени вредности доведуваат до неправилни менструални циклуси, отсуство на циклуси, предизвикуваат намалена плодност ,зголемена влакнетост и се јавуваат кај PCOS.
нагоре

Улогата на AMH тестот

AMH или Анти-Мулеровиот хормон е хормон кој се произведува во јајниците. Нивоата на AMH обезбедуваат значителен увид во резервите на јајца. AMH е особено корисен за проценка на потенцијалот за плодност на жената и проценка на времето до менопауза. Високото ниво на АМХ може да укаже на состојби како синдром на полицистични јајници или тумори на јајниците, додека ниските нивоа на АМХ може да укажат на помала резерва на јајце клетката, што влијае на можноста за зачнување.

нагоре

Важноста на рано откривање на хормоналната нерамнотежа

Раното откривање на хормоналната нерамнотежа или намалената резерва на јајниците е од суштинско значење за жените кои планираат бременост, бидејќи им овозможува на лекарите да спроведат индивидуализирани планови за лекување и со тоа да ја зголемат шансата за успешно зачнување.

нагоре

Следни чекори по тестирањето

Откако ќе се направат тестовите за полови хормони и АМХ, лекарот ќе ги анализира резултатите за да ја процени состојбата на репродуктивното здравје на пациентот. Врз основа на резултатите и извршениот преглед, тој ќе ги предложи најдобрите опции за третман или ќе советува промени во животниот стил со цел што поскоро да се отстрани причината за хормоналната нерамнотежа.

Редовните контроли на репродуктивното здравје и преземањето соодветни мерки се од клучно значење за здравјето на жените. Затоа, жените се охрабруваат да се грижат за своето здравје со редовно вршење на гинеколошки прегледи и неопходни лабораториски испитувања.

нагоре

АНАЛИЗИ:

AMH (Anti-Müllerian hormon)

3500.00  ден 2975.00  ден
To top